Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Објавено March 26, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

Нашата цел не е да казнуваме, целта е да се воспостави ефикасен демократски систем во кој оние кои доброволно барале лиценци мораат да го почитуваат законот континуирано, потенцира вицепремиерот Николоски.

-Не само што земавме 479 лиценци од урбанистичкото планирање и градење, денеска на владината седница поминаа седум измени на закони кои што се надевам дека уште следната неделе ќе поминат и во Собранието. Со овие измени овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци може и почесто и многу важно, жалбата нема да го одлага извршувањето. Во сегашниот систем тие конторли воопшто не се предвидени, ние ова што го правиме го правиме на добра волја. Претходно требаше да се чека олдука на Управниот суд, па после тоа да се чека да стане правосилно решението. Ние велиме не, решението веднаш станува правосилно. Наша цел е да ги натераме оние кои доброволно побарале лиценца ако можеле да ги исполнуваат законските услови на денот на барање, да мораат да ги исполнуваат и во текот на целокупното работење. И затоа планираме оваа да е една континуирана акција пред се на подобрување на општеството. Наша цел е да се подобрува општеството, не е да казнуваме, казната доаѓа како првентивна мерка, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој објаснува дека компаниите го изигрувале законот со вработените со тоа што откако ќе ги исполнат законските услови со доволен број на вработени и ја подигнат линценцата, веднаш потоа отпушаат одреден број на вработени. Како што истакана вицепремиерот Николоски, контроли не се правеле затоа што Законот до сега тоа не го предвидувал.

-Клучниот механизам на контроли кој што ние сега го правиме не е предвиден во ниту еден закон, би рекол дека стрикно не е пропишано. И затоа ние на добра волја се организиравме со вработените, направивме систем на контрола и согласно тој систем сега ги одземаме лиценците. И ако не ги направивме контролите сега тие околу 500 компании ќе работеле со незаконски линцени. Ние решивме да градиме систем. И ако ја следиме оваа тракеторија која ја фативме мислам дека ќе успееме. Ако успееме да изградиме систем кој ќе биде фундамент на идните генерации и ќе воспостави праг под кој нема да се оди, тогаш мислам дека ќе имаме успешен мандат или мандати. Почнаме ли да калкулираме тогаш наследството ќе биде многу лошо, додаде вицепремиерот Николоски.

Тој појасни дека се започнати постапки за одземање на 479 лиценци во делот на урбанистичкото планирање и градење, но најави дека таа бројка може да стигне и преку 500 одземени лиценци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Моќен кинески авион леташе многу ниско: некои воодушевени од вештината на пилотот, други загрижени
Следна Статија Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија

Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк заклучно до 7:00 часот утрово, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално…

March 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?