Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

Објавено June 20, 2026 17:14
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража.

Според Николовски, во моментов активно се работи на пробивање на трасата, а паралелно се изведуваат и активности за поставување на столбовите на виадуктите долж трасата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите“, истакна Николоски.

Тој посочи дека на оваа делница во тек е изградба на четири моста и еден натпатник, при што еден од мостовите веќе е целосно завршен.

Изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани е дел од големите инфраструктурни проекти во државата, чија цел е подобрување на патната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и скратување на времето на патување.

„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КРПЕН ЖИВОТ: На едно семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
Следна Статија Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Штрајкуваат пилотите во „Луфтханза“, откажани стотици летови во Германија

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ стапија во дводневен протест, кој предизвика значителни прекини во воздушната комуникација. Протестот, кој ги опфаќа…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?