Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот, рече Мицкоски

Објавено March 26, 2026 13:30
Сподели
Сподели

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност.

На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора етнички теми“. Тој воедно побара појаснување дали владините министри имаат потреба од преведувачи имајќи предвид дека, според него, „пратениците немаат обврска да го знаат македонскиот јазик доколку го знаат албанскиот“.

Премиерот Мицкоски во одговорот истакна дека Законот за правичната застапеност ќе се најде пред пратениците набргу, откако, како што рече, ги поминал сите институционални процедури и мислењето на Венециската комисија.

– Законот е уставен, а не неуставен, како што вашата коалиција 20 години ги лажеше Македонците – порача Мицкоски.

Во врска со прашањето за познавање на македонскиот јазик, премиерот повтори дека Уставот го дефинира македонскиот јазик како официјален на целата територија, а албанскиот и другите јазици се користат во согласност со одредбите за локална самоуправа.

– Мене не ми пречи албанскиот, ниту турскиот, српскиот, англискиот, ниеден јазик на светот не ми пречи и нема да ми пречи. Но, ако го читате Уставот, според него, официјален јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Имаме дополнување во делот за единиците на локална самоуправа – рече премиерот.

Тој се осврна и на последниот јавен случај со новинарско прашање упатено на министерката Весна Јаневска оценувајќи го настапот на новинарот како непристоен.

– Никој нема против да го користите албанскиот јазик, можете да зборувате на кој сакате јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и за меѓународна употреба – нагласи тој, пренесе МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
Следна Статија Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за да го спаси брат му се ставил над полицијата и законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трошел од буџетот и се возел со владиниот авион за приватни потреби- Обвинение против ексдиректорот на СОЗР

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по спроведена истрага, поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на владината Служба за општи и…

July 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Според СДСМ, Бугарите ги стрелале Македонците во Ваташа од идеолошки причини!

  Локалниот огранок на СДСМ во Свети Николе излезе со срамна интерпетација на историските настани како е на пример стрелањето…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?