Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трошел од буџетот и се возел со владиниот авион за приватни потреби- Обвинение против ексдиректорот на СОЗР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трошел од буџетот и се возел со владиниот авион за приватни потреби- Обвинение против ексдиректорот на СОЗР
МАКЕДОНИЈА

Трошел од буџетот и се возел со владиниот авион за приватни потреби- Обвинение против ексдиректорот на СОЗР

Објавено July 15, 2026 15:04
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по спроведена истрага, поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Иако во соопштението од Обвинителството не се споменува името на функционерот, познато е дека станува збор за Пеце Мирчевски, кој на оваа позиција беше во времето на претходната влада. Мирчевски се товари за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа.

Во соопштението од Обвинителството се вели дека со неговите противправни дејствија предизвикал финансиска штета на буџетот преку неколку различни основи.

Во периодот од јули 2021 до март 2024 година, обвинетиот ги пречекорил своите овластувања и без никаков службен основ потпишувал решенија и патни налози за патувања во странство за себе и за неколку вработени во СОЗР.

Тој го користел и владиниот авион „лирџет 60“ за приватни потреби, а сите придружни трошоци за овие патувања биле исплаќани директно од сметката на СОЗР.

Обвинетиот плаќал хотелски и угостителски услуги со службената картичка издадена на негово име.

„Со овие дејствија, поранешниот директор директно го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен износ од 2 562 139 денари“,додаваат од Обвинителството.

Во обвинението се додава и дека во периодот од октомври 2023 до јуни 2024 година, обвинетиот свесно овозможил противправна имотна корист за пилот вработен во СОЗР.

Иако обвинетиот лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот не ги исполнува безбедносните стандарди за управување со авионот „лирџет 60“, дури и по дополнителните обуки, тој не побарал пилотот да ги врати парите за скапата обука, иако бил обврзан со Договорот за вработување.

Исто така, обвинетиот не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос.

Како резултат на ова, пилотот продолжил да прима плата за работното место капетан водач на воздухоплов без да лета, со што е направена дополнителна штета на Буџетот од 5 431 624 денари.

Обвинетиот се товари и за фалсификување службени исправи при јавни набавки за изнајмување возила наменети за превоз на странски делегации и за транспорт на цивилно население евакуирано од Авганистан во земјава.

Сите овие тендери биле склучени со иста рент-а-кар фирма од Скопје. Обвинетиот потпишувал изјави за непостоење судир на интереси со невистинити податоци, тврдејќи дека нема приватен интерес од зделките.

„Наспроти ова, почнувајќи од периодот пред склучување на јавната набавка, за време и по престанокот на неговиот мандат, тој и неговата сопруга користеле возила без надомест од истата фирма за патувања во земјава и во странство“,се додава во соопштението од Обвинителството.

Според ОЈО, во овој дел од истрагата била поведена постапка и против сопственикот на правното лице за кривично дело давање поткуп. Но, додаваат дека од доказите прибавени во истражната постапка јавниот обвинител не утврдил дека кај него постоела умисла да издејствува поволност при одлучувањето во конкретните тендери преку давање возила без надомест на сега обвинетиот. Од тие причини, јавниот обвинител за ова лице донел наредба за запирање на истражната постапка.

Инаку, Финансиската полиција кривичната пријава за Мирчевски ја поднесе на 5 февруари 2025 година за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски
Следна Статија На Цеца и пукна цевката за вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР објави повик за ученици во Средното полициско училиште

МВР објави јавен повик за запишување на ученици во Средното полоциско училиште, кое продолжува да функционира по 25 години пауза. -ЈАВЕН ПОВИК…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?