Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија

Објавено June 19, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната проевропска Влада на Бугарија.

Мицкоски ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање по отворање на комплексот „Македонско село“, за неговите очекувања од 24 јуни, за кога беше одложено гласањето на Предлог-извештајот за земјава во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

– Јас би бил најсреќниот човек доколку тој извештај се изгласа на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), потоа тој оди на седница во Европскиот парламент. Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, за кој од опозициската СДСМ или генерално од опозицијата се подготвени на слепо само да потпишуваат. Замислете кога би биле така непромислени и лековерни политичари, каде би бил крајот. Но ние ќе се бориме, ќе продолжиме да се бориме и дел од членовте на АФЕТ и европратенците ни даваат голема поддршка – нагласи Мицкоски.

Премиерот дополни дека за нас е доволно што конечно излегла на површина вистинската бугарска стратегија.

– За нас е доволно што конечно излезе на површина вистинската причина и стратегија, која доаѓа од нашиот источен сосед, а тоа е создавање на сегашна македонска нација, со сегашен македонски идентитет, кој го говори својот сегашен мајчин јазик, а кој почива на бугарски корени – изјави Мицкоски.

На предлог на известувачот Томас Вајц, АФЕТ на 4 јуни го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни, со образложение дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни – порача Вајц минатата недела.

Во врска со можноста за средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков, на маргините на Самитот на НАТО следната недела, Мицкоски денеска изјави дека доколку постои таква иницијатива секако дека треба да ја прифатиме, но оти таа треба да потекне од оној кој ја предложи самата средба на високи ниво, односно од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Мицкоски, како што информираше мината недела нема да присуствува на Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Сиљановска Давкова, а како што најавија од Софија наместо нивниот претседател Румен Радев на Самитот ќе присустува премиерот Росен Жељазков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара
Следна Статија Земале малку пари: Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите, велат дека не биле променети 25 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана Мисајловски празнично ги награди хероите на Армијата по повод Илинден

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, место кое…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Запалете свеќа за мир во душата, во сабота е Митровденска Задушница

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници,…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на „ОМНИБУС“: Високи 52% од граѓаните мислат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата од Владата на СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемире во економијата во споредба со претходната Влада на СДСМ покажува најновата анкета…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?