Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада

Објавено June 20, 2026 16:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот.

Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на градинка во Козле.

Мицкоски најави дека по реконструкцијата ќе продолжат и во другите структури и на локално ниво.

Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свои мислења за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи во втората фаза во текот на летото и паралелно со тој процес, бидејќи горе-долу е оформена и структурата на партијата, ќе отпочнеме процес таму некаде во втората половина на јули, кој што евентуално би траел до крајот на септември на ажурирање на членството и ново зачленување во ВМРО ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Според премиерот, овој процес на реконструкција длабински и суштински ќе промени многу нешта, заклучно со крајот на летото.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одговарајќи на новинарски прашања за реконструкцијата, рече дека не разговарал со премиерот за оваа тема, и нема да разговара, бидејќи, според него, секој мандатар си прави свој тим, и тие се на таа функција за да работат во полза на народот.

Истакнав дека не сме овде за да бидеме товар, но да олесниме за да изградиме вакви проекти, градење на детски градинки кои чекаат и старски домови и слични објекти кои ќе бидат во полза на нашиот народ. Што се однесува до измените, иако денес завршува мојот мандат, јас мислам дека повеќе треба да се насочиме на тоа што направивме ние за доброто на оваа држава и народот, без разлика на тоа која е цената што треба ние да ја платиме. Не сме во овие позиции да бидеме товар ни на премиерот, ни на мандатарот, ни на никого. Сме овде да играме улога на играчи кои ќе ја сработат работата во полза на народот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гради мексикански (ВИДЕО)
Следна Статија Давам два Роналдо за еден Меси: Размена на сликички во Градскиот парк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Покусиот пат до ЕУ е полн со понижувачки предизвици, затоа го избираме потешкиот, порача Мицкоски од Самитот на „Македонија 2025“

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто…

May 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?