Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата
МАКЕДОНИЈА

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Објавено June 10, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат дека како Влада имаат обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, да обезбеди соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.

-До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти. Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Дополнително, како што надополнуваат, отворена е телефонска линија која е во директна комуникација со претседателот на Владата. Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби кои ги имаат.

– На владина седница ќе донесеме одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму посочуваат дека ова е заедничка борба и дека ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами.

-Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката. Носиме конкретни мерки кои се од интерес на граѓаните. Државата мора и се менува, се истакнува во соопштението. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
Следна Статија Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша

Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат на зголемена внимателност особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, поради интензивните…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав и по тој повод дозолете ми во мое лично име…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД во Македонија: Илинден е камен-темелник на македонската историјата

Амбасадата на САД во Македонија вчера имаше свои претставници на речиси сите локации каде се слави Илинден, а испратија и…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?