Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата
МАКЕДОНИЈА

Обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Објавено September 29, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, па токму заради тој интерес досега на неколку наврати известуваше за текот на оцената и сите преземени чекори, велат од Кривичен суд.

– Потребно е да се напомене дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до Јавниот обвинител. За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа.

Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.

Уште еднаш би сакале да потенцираме, дека судот ги прави сите напори за да ги исполни Законските обврски и доследно да ги испочитува загарантираните права на странките се со цел да не се компромитира предметот во понатамошниот дел од постапката, се вели во соопштението од Кривичен суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица од Трубарево фатени како палат кабли во Аеродром
Следна Статија Мицкоски: Од Обвинителството не сум задоволен, сите поврзани со „Пулс“ треба да бидат изнесени пред лицето на правдата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Почнаа промените во општина Карпош, се реконструира улицата „Јуриј Гагарин“

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тензично пред болницата во Кочани: Родителите не даваат телата на децата да се носат на обдукција во Скопје

Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

На археолошкиот локалитет Скупи денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт, претставуван од…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар

Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?