Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар
МАКЕДОНИЈА

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар

Објавено July 31, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Тој посочи дека интервенираат специјалните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер од Чешка, припадници од противпожарната единица од Берово, припадници од противпожарната единица од Словенија, како и доброволци од Национални шуми.

Директорот на ЦУК; Али упати благодарност до Чешка и Словенија кои преку активирање на механизмот за цивилна заштита на ЕУ веднаш упатија помош за справување со пожарите во државава.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на прес – кобференцијата денеска апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.

– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, рече тој.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој појасни дека блек – хокот и силите од Словенија ќе останат овде најмалку седум дена.

– Доколку состојбата и понатаму се смирува и е мирна, тие ќе се повлечат по седум дена. Доколку дојде до повторно разгорување на некои сериозни пожари, доколку процениме дека на нашите капацитети би им била добредојдена поддршка од други сили, тогаш ќе разговараме за нивно понатамошно останување во државата. Имаме на располагање и пожарникари од други држави. Австрија, Франција, барања што веќе ги повлековме. Но, да потсетам дека летото е пред нас. Генерално минатите години околу Илинден имавме голем број пожари. Тоа е период кога луѓето одат во природа, затоа е неопходна внимателност од сите, подвлече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа
Следна Статија Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Неколку деца од Кочани, преживеани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кои се враќале од лекување во Турција, доживеале непријатна…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат, соопштија од Транспорт

Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века

Премиерот Христиојан Мицкоски присуствува на Вевчанскиот карневал. -Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Гаши: Потпишана е одлуката за оглас за нов Народен правобранител

Од вчера граѓаните нема кому да се обратат доколку им биде потребна помош од Народниот правобранител. Пратениците во четвртокот изгласаа…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?