Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ова е гасна комора“: воздухот отровен во Њу Делхи, училиштата затворени, граѓаните се гушат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Ова е гасна комора“: воздухот отровен во Њу Делхи, училиштата затворени, граѓаните се гушат
СВЕТ

„Ова е гасна комора“: воздухот отровен во Њу Делхи, училиштата затворени, граѓаните се гушат

Објавено November 18, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Властите во главниот град на Индија наредија затворање на училиштата и градилиштата и забранија камионите што немаат потреба да не влегуваат во градот откако загадувањето на воздухот достигна највисоко ниво оваа сезона.

Жителите на Њу Делхи од утрово буквално можат да го видат воздухот што го дишат, а токсичниот смог кој го прекри градот со околу 33 милиони жители е опасен по здравјето. Воздухот влезе во „тешка категорија“, според САФАР, главната агенција за животна средина во земјата, која ги мери ситните честички во воздухот што можат да навлезат длабоко во белите дробови.

Смртоносната магла ги обви спомениците и високите згради во главниот град, со видливоста толку мала што авиокомпаниите предупредија на доцнење. Во неколку делови од градот, нивоата на загаденост беа повеќе од 50 пати повисоки од безбедносната граница препорачана од Светската здравствена организација. Синоптичарите велат дека слабиот квалитет на воздухот ќе продолжи и во текот на неделата.

Загадувањето на воздухот во северна Индија се зголемува секоја година, особено во зима, бидејќи земјоделците ги палат остатоците од земјоделските култури во земјоделските области. Поради ниските температури, чадот останува во воздухот, а ветрот го носи во градот, каде што емисиите на автомобили придонесуваат за загадување. Емисиите од индустријата и согорувањето на јаглен за производство на електрична енергија се исто така поврзани со загадувањето.

Од понеделник, властите ја прекинаа наставата за сите паралелки, освен за 10-ти и 12-ти, другите ученици ќе ја следат наставата преку интернет. Исто така, во градот ќе можат да влезат само камиони со неопходни прехранбени производи. Постарите дизел возила не смеат да се користат, а сите работи на градилиштата се прекинати. Надлежните апелираа до децата, старите лица и лицата кои боледуваат од хронични болести да избегнуваат престој на отворено.

Влошувањето на квалитетот на воздухот во главниот град предизвика и жалење на жителите на социјалните мрежи. Многумина се пожалија на главоболки и кашлица, опишувајќи го градот како „апокалиптичен“ и „гасна комора“. Други ги повикаа официјалните лица еднаш засекогаш да ја решат јавната здравствена криза. Неколку студии проценуваат дека повеќе од милион жители на Индија годишно умираат од болести поврзани со загадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Германија ѝ недостасуваат 100.000 возачи на камиони
Следна Статија Јарецот да не верува на ветувања, Бикот да не се напрега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела на податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, при обновен пад на криптовалутите и остри коментари од Банката на Јапонија

December 2, 2025
СВЕТ

Приведени повеќе од 400 луѓе за време на демонстрациите за Први мај (ВИДЕО)

Повеќе од 400 лица беа приведени денеска во Истанбул за време на демонстрации по повод Први мај, Меѓународниот ден на…

May 1, 2025
СВЕТ

Хамас ослободи 4 израелски жени – војници во замена за 200 затвореници

Хамас денеска предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија. Израелската…

January 25, 2025
СВЕТ

Трамп вети брз крај на војната со Иран и пад на цените на горивата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера вети дека брзо ќе ја заврши војната со Иран и ќе отстрани една од…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?