Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кличко: Украина можеби ќе мора да се откаже од територија за мир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кличко: Украина можеби ќе мора да се откаже од територија за мир
СВЕТ

Кличко: Украина можеби ќе мора да се откаже од територија за мир

Објавено April 25, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за Би-би-си изјави дека Украина можеби ќе мора да се откаже од територија како дел од мировниот договор со Русија, во услови на сè поголем притисок од американскиот претседател Доналд Трамп Украина да прифати територијални отстапки.

„Едно од сценаријата е… да се откажеме од територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби може да биде решение, привремено“, рече Кличко.

Сепак, 53-годишниот поранешен шампион во бокс, а сега политичар, нагласи дека украинскиот народ „никогаш нема да прифати окупација“ од страна на Русија.

Тој зборуваше неколку часа по нападот со руски ракети и беспилотни летала врз Киев во кој загинаа 12, а повеќе од 80 лица беа повредени.

Тоа беше еден од најсмртоносните руски напади врз украинската престолнина во последните месеци.

Рускиот претседател Владимир Путин започна целосна инвазија на Украина во 2022 година, а Москва моментално контролира околу 20 проценти од украинската територија.

Зборувајќи во програмата на Би-би-си радио 4 од својата канцеларија во центарот на Киев, Кличко нагласи дека е „одговорен за главниот град на Украина“, опишувајќи го како „срце“ на земјата разурната од војна.

Тој рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да биде принуден да донесе „болна одлука“ за да постигне мир.

Градоначалникот на Киев сега е еден од највисоките украински политичари кој јавно посочи дека неговата земја можеби ќе мора да се откаже од територија, иако привремено, наведе Би-би-си.

На прашањето дали Зеленски разговарал со него за деталите за евентуален договор, Кличко отворено одговори: „Не“.

„Претседателот Зеленски го прави тоа сам. Тоа не е моја функција“, додаде тој.

Кличко и Зеленски се политички противници. Градоначалникот на Киев постојано ги обвинува претседателот и неговиот тим дека се обидуваат да го поткопаат неговиот авторитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!
Следна Статија Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску

Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денеска на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану. Илиеску…

August 5, 2025
СВЕТ

Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен

Членови на Советот за национална безбедност на САД ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против…

March 25, 2025
СВЕТ

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела…

May 13, 2026
СВЕТ

Си прават селфи со починатиот папа

Ватикан ги повика сите што доаѓаат во Ватикан да се збогуваат со папата Франциск, да не се фотографираат со отворениот…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?