Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ
СВЕТ

Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ

Објавено April 10, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

„Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот (EES)“, се наведува во соопштението. Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата.

Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.

Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто до Зеленски: Престани присилно да ги регрутираш Унгарците
Следна Статија Недостигот на гориво ќе ги погоди и Европските аеродроми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

Трамп и Зеленски седнаа на разговори во Ватикан. На маргините на погребот на папата Франциск, двајцата лидери ја искористија приликата…

April 26, 2025

Политичка реторика во фокус: Предизвици и дијалог за имиграцијата

Анализа на политичкото говорење и неговото влијание врз јавниот дискурс за имиграцијата

December 6, 2025
СВЕТ

Бајден им дозволи на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден им дозволи на Украинците да го направат она што очајно го бараа со месеци…

November 18, 2024
СВЕТ

Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?