Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
СВЕТ

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Објавено May 10, 2026 21:22
Сподели
Сподели

Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности.

– Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина, напиша Орбан на социјалната мрежа X.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, вчера положи заклетва, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Неговата партија Тиса има 141 од 199 места во новиот парламент, иако само пред две години, кога беше основана партијата, немаше ниту едно. Фидес на Орбан падна од 135 на 52 места.

Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

За време на инаугурацијата на Маѓар за нов премиер, знамето на ЕУ беше повторно кренато на зградата на Парламентот во Будимпешта, за прв пат откако владата на Орбан го отстрани во 2014 година.

Виктор Орбан по заминувањето од премиерската функција одлучи да се откаже и од пратеничкото место и најави дека ќе работи на обновување на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
Следна Статија Фудбалски тим и доктори од Тиквеш притрчаа во помош на повредени лица во сообраќајна несреќа кај Мирковци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Британски платеник загина во Украина

Британски платеник загинал во редовите на украинските сили во Доњецк. Според информациите, загинатиот е Хајден Вилијам Дејвис, роден на 9…

December 18, 2024
СВЕТ

(Видео) Голем протест во Анкара: „Се случува државен удар против идниот претседател“

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во турската престолнина Анкара против судскиот случај што може да доведе до отстранување на лидерот…

September 15, 2025
СВЕТ

Трамп повикува на апсење на градоначалникот на Чикаго и гувернерот на Илиноис

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повика на апсење на градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и гувернерот на Илиноис, Џ.Б.…

October 8, 2025
СВЕТ

Лавров и Ушаков ќе ја застапуваат Русија на средбата со американските функционери во Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин го испрати својот министер за надворешни работи и висок советник во Кремљ да се сретнат со…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?