Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фудбалски тим и доктори од Тиквеш притрчаа во помош на повредени лица во сообраќајна несреќа кај Мирковци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фудбалски тим и доктори од Тиквеш притрчаа во помош на повредени лица во сообраќајна несреќа кај Мирковци
МАКЕДОНИЈА

Фудбалски тим и доктори од Тиквеш притрчаа во помош на повредени лица во сообраќајна несреќа кај Мирковци

Објавено May 10, 2026 21:54
Сподели
Сподели

Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да помогнат на повредени лица во сообраќајна несреќа кај клучката во Мирковци, објаци ТВ Стар.

Автобусот со кој се враќале играчите по победата над Македонија ЃП запрел кога забележале несреќа на автопатот, по што дел од медицинскиот персонал и членовите на тимот веднаш притрчале да укажат прва помош на настраданите.

Според објавите, лекарите, физиотерапевтите и дел од фудбалерите реагирале брзо и помогнале во стабилизирање на повредените лица додека пристигнале надлежните служби.

Од клубот и јавноста беше порачано дека овој чин претставува пример за хуманост и солидарност, при што беше истакнато дека „човечкиот живот е највисока вредност“.

Настанот предизвика позитивни реакции во јавноста, а кавадарчани беа пофалени за брзата и несебична реакција во критичен момент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
Следна Статија Столе викан „чиста мрежа“: Димитриевски и донесе опстанок на Валенсија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ахмети е спремен за предвремени избори (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека неговата партија е подготвена за предвремени парламентарни избори. Јас уште од првиот…

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Преговарачката рамка не се менува, уставните измени се клуч за напредокот кон ЕУ

Европската Унија нема намера да ја менува преговарачката рамка за Македонија, а напредокот на земјата кон членство останува директно поврзан…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Започнаа оставки: Крстевска Цалева се повлекува од фукцијата в.д. шеф на Вишото обвинителство Скопје

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, која денеска ќе биде…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес по полноќ ја стресе Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 00:06 часот е регистриран во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје,…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?