Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари
МАКЕДОНИЈА

Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари

Објавено January 14, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот завод за статистика и Архивот почнуваат со протести. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, посочи дека ги избрале овој датум, бидејќи се совпаѓа со закажаната седница на Владата, на која апелираат да се дискутира за додатот на плата од 30 отсто и конечно да се реши овој долгогодишен проблем.

Иако предлог-колективните договори беа доставени до Министерството за финансии пред носењето на државниот буџет за 2025 година, од за нас неразбирливи причини Министерството за финансии не одобри средства за потпишување колективни договори. Висината на платите на вработените во институциите што денес протестираат почнува од 25.010 денари. Просечната плата во овие институции изнесува приближно 29.000 денари, а просечната плата во државата е 42.124 денари. Додатокот што го бараме од 30 % значи дека вработените би добиле 6.000 денари, износ што би бил зголемен на нивната плата, но и покрај тоа, сите вработени ќе бидат под просекот на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале со години, но, за жал, ниедна влада досега не го слушна нашиот глас“, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ).

Синдикатот УПОЗ е на став дека вработените во министерствата кои почнаа со протест се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се појави Ден Дончев, ама само на „Фејсбук“, навива за Ѓоковиќ на Австралија опен
Следна Статија Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Едно лице загина на патот Струмица- Валандово

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Ристоска: ,,Талир 2″ ми беше одземен за да се спаси седиштето и имотот на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација

Обвинителката Ленче Ристоска реагира по вчерашната објава на ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот…

July 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?