Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Објавено April 10, 2025 15:22
Сподели
Сподели

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува досегашната судска постапка поврзана со смртта на Теодора Ристовска почнувајќи од првото судење, одликата на Апелација и Врховниот суд па сè до последното судење во кое е изречена казна затвор во траење од две години за обвинетиот Енвер Пајазити.

Како што велат судијката Верка Костовска која го судеше првото судење, како и Ељведин Ферати постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми. 

„Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело. 

Ценејќи ги сите околности, судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција. 

Од погоре изнесеното јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми и поради тоа АПЕЛИРАМЕ до сите чинители во општеството, да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели, бидејќи на тој начин се нарушува угледот на судиите, се задира во независноста на судството и се повредува функсионирањето на владеењето на правото како основна демократска придобивка“, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита
Следна Статија Маск откри Американец роден во 2154 година: добил 41.000 долари социјална помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка

Проблемот со кравите кои слободно шетаат во Крива Паланка треба да се реши веднаш и тоа од страна на Агенцијата…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на…

April 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот

Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ, oбјави премиерот Мицкоски. Скопје е…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?