Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита
МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

Објавено April 10, 2025 15:11
Сподели
Сподели

Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги опфаќа матичните лекари од областа на општата медицина, гинекологијата и општата стоматологија, информира Фондот за здравствено осигурување.

На дискусијата учествуваа директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПРЛМ), Лилија Чолакова-Дервишова, Ирена Алексиоска-Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и Лоран Страшевски, матичен стоматолог.

Директорот Клековски потенцираше дека со ова значајно зголемување на капитациониот бод се опфатени над 2.000 склучени договори, од кои околу 200 се со матични гинеколози, додека најголем дел се однесуваат на матични лекари по општа медицина и општа стоматологија. Вкупно се опфатени над 2.500 матични лекари.

„Во изминатата деценија бележиме стагнација и намалување на бројот на матични лекари – само во 2024 година има 30 помалку во однос на 2023. Со оваа мерка интервенираме поради две суштински причини: да го запреме падот на бројот на матични лекари и да го подобриме квалитетот на услугите во примарното здравство. Охрабрени сме и од препораките на СЗО дека државaта одвојува значителни средства за болничко лекување, додека инвестициите во превентивата се недоволни“, истакна Клековски.

Проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестијев го нагласи значењето на оваа инвестиција, која ќе овозможи поголема мотивација и ангажман на матичните гинеколози во спроведувањето на скрининг-програми за рана детекција на гинеколошки заболувања. „Со оваа мерка се постигнува долгорочна заштеда за државата, преку намалување на трошоците за третман на пациенти на терцијарно ниво“, истакна таа.

Претседателката на ЗПРЛМ, д-р Лилија Чолакова-Дервишова, изрази задоволство од зголемувањето на капитациониот бод од свое име и од име на сите матични лекари. Таа посебно ја истакна важноста на оваа стимулација за лекарите што работат во руралните средини, каде условите се значително потешки. Исто така, ја потенцираше одличната и континуирана соработка со Фондот за здравствено осигурување при решавање на сите прашања поврзани со работата на матичните лекари.

Матичниот стоматолог, Лоран Страшевски, зборуваше за позитивните ефекти што оваа мерка ќе ги има врз стоматолошката практика. „Зголемувањето на капитациониот бод ќе придонесе за задржување на младите стоматолози во земјава и ќе го намали ризикот од затворање на стоматолошки ординации. Оваа стимулација ќе овозможи модернизација на ординациите преку набавка на современа апаратура и стоматолошки материјали“, нагласи Страшевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД
Следна Статија Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нобеловците ја цитираат македонската претседателка за најгорливата глобална тема

Светската асоцијација на лауреати, која обединува добитници на Нобелова, Тјурингова, Волфова и Ласкерова награда, три месеци подоцна повторно ги актуализира…

May 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот

Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Најпoзната „точкарница“ се наоѓа на Бит Пазар веќе 65 години

„Ееееј, застани, диши гумава. Можеби е дупната. Ај ‘докај’ точкарот“. Оваа реченица, па и ситуација, многу добро им е позната…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?