Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија
СВЕТ

Орбан: Украина планира да го дестабилизира енергетскиот систем на Унгарија

Објавено February 25, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска ја обвини Украина дека планира да го дестабилизира унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војници и опрема за заштита на критичната инфраструктура.

Тој во видео објавено на Фејсбук повтори дека затворањето на нафтоводот „Дружба“ е од „политички, а не технички причини“, потенцирајќи оти разузнавачките извештаи укажуваат на можно понатамошно нарушување на енергетскиот систем на Унгарија.

– Гледам дека Украина подготвува понатамошни акции за нарушување на функционирањето на унгарскиот енергетски систем. Затоа наредив зајакнување на заштитата на критичната енергетска инфраструктура. Ова значи дека ќе распоредиме војници и опрема потребни за одбивање на напади во близина на клучните енергетски објекти – наведе Орбан.

Унгарија и Словачка добиваат нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина. Киев на почетокот на месецот соопшти дека ги прекинала испораките на нафта преку „Дружба“, по рускиот напад врз нафтоводот на 27 јануари.

Унгарија пред два дена го блокира новиот пакет санкции на Европска Унија против Русија како одговор на прекинот на испорака на руска нафта.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европската комисија предложи преговори со Западен Балкан за укинување на роамингот, вклучена и Македонија
Следна Статија МВР ТРЕБА ПОАГРЕСИВНО ДА ПРЕДУПРЕДУВА: Пензионер измамен за 10.000 евра за лажна операција на внуката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Некој му ја згазна ногата на Лавров на самитот, снимката што ја објави Киев стана вирална

Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина, сподели видео на социјалната мрежа Икс. На видеото се…

October 25, 2024
СВЕТ

Зеленски може да ја изгуби западната помош поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина

Весникот „Волстрит журнал“ коментира дека официјален Киев ризикува да ја изгуби западната поддршка поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина.…

July 23, 2025
СВЕТ

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име.…

August 21, 2025
СВЕТ

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили успеале да го сопрат напредувањето на руската армија во североисточната Сумска област…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?