Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука

Објавено March 14, 2026 16:47
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека земјата нема да стане украинска колонија, објави порталот Индекс.

„Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука“, рече премиерот Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.

Во видеото, премиерот потсети дека денес е 19-ти ден од украинската нафтена блокада. Според него, Зеленски продолжува да го затвора нафтоводот „Дружба“, и покрај тоа што знае дека е од витално значење за Унгарија и Словачка. Тој додаде дека унгарските експерти се во Киев со денови, но сè уште не им е дозволен пристап до локацијата.

„Ова е еднакво на признание“, смета Орбан.

Истовремено, унгарскиот премиер го подвлече фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги укинува санкциите за руската нафта, додека Европа не го стори тоа, што доведе до нагло зголемување на цените на горивата на континентот.

„Европа и целиот свет нема да можат да ја надминат нафтената криза без помош на евтината руска нафта. Американците веќе ги презедоа првите чекори и почнаа со укинување на санкциите, но во Брисел сè останува исто“, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еди Рама се скарал со новинари и ги избркал од прес конференција
Следна Статија ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред…

May 8, 2025
СВЕТ

Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада…

January 12, 2025
СВЕТ

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Швајцарија ги замрзна сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и неговите соработници во земјата, објави денеска Федералниот совет, по…

January 5, 2026
СПОРТ

Илиевски: Ќе стојам зад овие играчи сѐ додека го даваат максимумот

Македонската кошаркарска репрезентација  вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025. Селекторот Марјан Илиевски…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?