Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет
ПОЛИТИКА

Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет

Објавено July 6, 2026 15:37
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека денешното потпишување на договорот со ЕБОР за доградба на автопатот Скопје-Блаце, докажало дека власта залудно потрошила две години. Според него, иако изминатиов период се тврдело дека се менува трасата, сепак, не е променет ниту милиметар.

„Две години ни велеа дека автопатот Скопјe-Блаца е блокиран затоа што се менува трасата. Ова беше изговор за секое одложување. Денеска, со потпишувањето на договорот, станува јасно дека ниту милиметар од трасата што ја оставивме подготвена не е променет. Значи, финансирањето беше обезбедено, проектот беше завршен, средствата беа одобрени, а започнаа и тендерските постапки. Две години беа потрошени за залажување на јавноста со „промена на трасата“ иако такво нешто не постоеше. Граѓаните заслужуваат едноставен одговор: Зошто беа изгубени две години?“,прашува Османи.

Реакцијата на Османи следува по денешното потпишување на договор со ЕБОР за инвестициски грант за доградба на преостанатите километри од автопатот Скопје – Блаце.

Почетокот на градбата на 10,5 километри автопат се очекува во август, а според договорот, рокот за изградба е околу 4 години. Избрани се консултант и изведувач, а номинацијата на надзорот е во фаза на евалуација.

Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека автопатот Скопје – Блаце со години бил симбол на неисполнети ветувања, кажа дека речиси секоја влада го ветувала, а одредени политички партии со години „се удирале во гради“ дека токму тие најмногу се грижат за овој дел од државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За српскиот јазик кој го говорат 43 посто од жителите во Црна Гора нема влез во Уставот
Следна Статија Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да постапи за случајот со…

March 11, 2025
ПОЛИТИКА

Касами за односот со Таравари: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели…

April 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Гласеше…

February 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мециновиќ ги побара гласовите на СДСМ, Галетановски му одговори: Влезе во филм јак дека си?

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, јавно побара гласачите на СДСМ да го поддржат во битката…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?