Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините
ЕКОНОМИЈА

Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините

Објавено July 6, 2026 14:24
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2,00 денари и ќе чини 81,50 денари за литар.

Кај мазутот М-1 НС има мало намалување, па новата цена изнесува 41,230 денари за килограм, што е за 0,265 денари помалку од претходно.

Во образложението на одлуката, РКЕ наведува дека на светскиот пазар е регистриран раст на референтните цени кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот има благо намалување. Влијание врз пресметката имал и курсот на денарот во однос на доларот.

Со новата пресметка, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува од 84,50 на 85,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 од 86,50 на 87,50 денари, дизелот од 80,00 на 82,50 денари, а ЕЛ-1 од 79,50 на 81,50 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје-Блаце не е променет
Следна Статија Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мексиканска синџир на ресторани затвора локации без банкрот

Синџирот на мексикански ресторани затвора повеќе локации по евалуација на нивното портфолио

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од регулаторот зависи дали струјата ќе поскапи, рече Мицкоски

Околу евентуалното зголемување на цената на струјата од јануари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?