Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија
СПОРТ

Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија

Објавено July 6, 2026 16:49
Сподели
Сподели

На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД.

Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. Кристијано Роналдо најверојатно за последен пат ја предводи Португалија на големо натпреварување. Тимот игра со надеж дека ќе успеат да стигнат што е можно подалеку на шампионатот, но екипата е сплотена и од причина што нивниот репрезентативен колега Диого Жота, лани во овој период од годината го загуби животот во сообраќајна несреќа, едноставно играат и за него и тоа како да им дава дополнителна сила. Шпанците пак од натпревар во натпревар ја креваат формата, делуваат се посигурно и нема да биде изненадување ако успеат да наметната игра да стигнат и до следната рунда. Натпреварот се игра во Далас со почеток во 21 часот.

Големо внимание привлекува и дуелот меѓу домаќинот САД (Мексико и Канада се веќе елиминирани) и Белгија. Американците имаат големи амбиции, но патот до финалето е исклучително тежок. Сепак работите им одат во прилог како тоа дека исклучениот играч од дуелот со БиХ Фоларин Балогун од ФИФА доби прави да настапи, иако според правилата за директен црвен картон автоматски следува еден натпревар суспензија. Ова за тимот на селекторот на САД, Маурицио Покетино ќе биде исклучително позитивно особено што Балогун е најдобриот напаѓач. Белгија веднаш реагираше со приговор, но барем засега останува дека играчот може да настапи. На белгискиот тим му останува да се подготви на многу работи, покрај фудбалската игра, ако сака да се избори за уште едно европски четвртфинале.

Победниците од денешните натпревари САД/Белгија и Португалија/Шпанија ќе играат во четвртфиналето на 10.јули во Лос Анџелес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините
Следна Статија „Пресретнувачи“ ќе ги казнуваат странските возила низ земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Годините се само бројка, класата е вечна: Роналдо со „ножички“ ги потопи Полјаците (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо продолжува со извонредните настапи на 39-годишна возраст, откако ветеранот со два гола ја предводеше Португалија до триумф од…

November 16, 2024
СПОРТ

Шкендија ќе биде казнета за свирењето на химната од страна на Балистите

ФФМ најави високи казни откако синоќа навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна на финалето против Силекс. Згора на тоа,играчите…

May 21, 2026
СПОРТ

Шок: Mитро- гол има проблеми со срцето

Александар Митровиќ е хоспитализиран поради забрзано чукање на срцето поради преоптоварување.30-годишниот напаѓач на Ал Хилал, кој заработува 500.000 евра неделно,…

March 10, 2025
СПОРТ

Директорот на Јувентус преоѓа во Милан

 Фабио Паратичи би можел да стане нов спортски директор на Милан, објавува „MilanPress“. Специјалниот советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ, веќе…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?