Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица
ХРОНИКА

Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица

Објавено May 16, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Тој образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги анализирал видеото записите, пред судот ја потврдил точноста на службената белешка бр. 2532 од 7.12.2023.

Палевски истакна дека видео-снимките потврдуваат учество на три лица, а не четири, како што тврди Обвинителството.

-При преглед на видео записот е утврдено дека на камерата број 1 и камерата број 3 поставени на објект Хотел Романтик Велес го покриваат регионалниот пат (Стар пат Велес-Скопје), при прегледот на Видео-записите на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (реално време 10:15) се забележува патнички автомобил Рено Кангу како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. И на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (10:15) се забележува патнички автомобил Цитроен БХ со регистерски број ВЕ2931АД како се движи во правец Велес-Скопје и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице, образложи тој.

Според Палевски, ова е докажан и утврден факт со видео, со сведочење, кој ОЈО Скопје не го доставиле во листата на докази во обвиненијата, а доставени се други девет службени белешки за сите останати видеа кои биле презентирани. -Со што се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три лица, а не четири, како што тврди ОЈО во обвинителниот акт, рече тој.

Во продолжението се изврши увид во чаурата пронајдена на местото на убиството на Жежовски.

Во однос на барањето за изведување на ЦД, Судот информираше дека застапникот на обвинението изјавил дека немаат запис од камера од Сејф Сити од возилото на место Нова железничка.

По исцрпување на листата на докази, главната расправа продолжи со дополнение на доказната постапка.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ја исмеваше Франција зашто ја слави победата во Втората светска војна и го имитираше Макрон
Следна Статија Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Немал возачка 18-годишникот кој ја усмрти жената во Капиштец, уапсени маж и жена кои му помогнале да избега од Македонија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела…

January 10, 2026
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата , полицијата го уапсила

На 14.03.2026 година во 02.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39) од Република Србија со…

March 14, 2026
ХРОНИКА

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во…

May 26, 2026
ХРОНИКА

Уапсен 19-годишник за убиство на 18-годишно момче од Бојане

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од…

May 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?