Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
ХРОНИКА

Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката

Објавено October 31, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми, информира Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци
Следна Статија Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Неготинец доби кривична пријава – на социјалните мрежи навредувал жители од Криволак

ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика

Кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот. Вчера во 14 часот во…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Човек се бори за живот откако во него налета автобус на ЈСП

Вчера во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје,…

January 18, 2025
ХРОНИКА

„Девојчето беше како живо, рацете и беа врзани позади и нозете со стеги – на устата имаше лента“, сведочеше денеска пред судот началник од СВР Скопје

Началникот на единицата за насилен криминал при СВР Скопје, Дејан Димовски на денешното судско рочиште за двојното свирепо убиство на…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?