Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Батинци убиен припадник на АРМ: Донесен во болница без знаци на живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Батинци убиен припадник на АРМ: Донесен во болница без знаци на живот
ХРОНИКА

Во Батинци убиен припадник на АРМ: Донесен во болница без знаци на живот

Објавено July 11, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Пукање во Батинци го потресе Скопје утрово, а 49-годишен маж, припадник на АРМ, бил донесен во Градската болница без знаци на живот, со две прострелни рани во пределот на градниот кош.

Како што информираат од Градската болница „Св. Наум Охридски“, жртвата била донесена околу 10:55 часот.

„Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но пациентот беше веќе мртов. Констатиравме смрт на лице место“, соопштија од болницата.

Иако официјално надлежните сè уште не го соопштуваат идентитетот, дел од медиумите објавија дека станува збор за Агим Муареми, жител на Батинци и припадник на АРМ.

Мотивите и околностите околу пукањето сè уште не се познати, но истрагата е во тек. На местото на настанот извршен е увид, а осомничениот за нападот е во бегство.

Претходно од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за пукањето во Батинци и соопштија детали.

„Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, лицето М.Е. пријавил дека на влезот на село Батинци, скопско, лицето М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило ‘Киа’ кое било во движење. А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, информираа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одекнуваат зурли и тапани, почнува Галичка свадба
Следна Статија Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!

Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е…

October 1, 2025
ХРОНИКА

Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок

Во Министерството за правда денеска се отвори канцеларијата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Тешко повреден малолетник: Жена го удрила со автомобил на пешачки премин, па избегала

На 05.03.2025 во 13:30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06:55…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?