Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува

Објавено July 11, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа. Денешниот ден е уште една потврда дека се движиме напред, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен-темелник на новата фабрика на оваа компанија во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје.

– Ова се показатели што го говорат најважното дека државата е стабилна, економијата активна и дека иднината се гради денес. Свесен сум дека граѓаните се соочуваат со потешкотии, свесен сум дека се потребни брзи и конкретни промени и токму затоа секој ден со целата енергија што ја имаме, работиме за тие промени да се случат. Се бориме за секое ново вработување, за секој денар повеќе во домашната економија, за секоја шанса што може да донесе стабилност на државата. Ние не чекаме инвестиции, ние ги бараме, ги поддржуваме, ги заслужуваме. Ние не зборуваме за можности, туку ги отвараме. Ние повикуваме на промени и таквите промени ги реализираме, истакна Мицкоски во своето обраќање.

Посочи дека ова е само еден од многуте примери како се создава економски раст не со теории, туку со конкретни објекти и дека еден ваков почеток е добар не само за компанијата, туку и за локалната заедница, националната економија и за секој млад човек кој сака да остане во сопствената држава.

– Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности, земја во која трудот се исплатува, земја во која инвестицијата има смисла, земја во која институциите се партнери на бизниот, не пречка, туку поддршка, подвлече Мицкоски.

Нагласи дека постигнатите резултати покажуваат дека Владата има јасна економска насока.

– БДП во првиот квартал од годинава порасна за 3,2 проценти, иако многу земји во рамки на ЕУ се во рецесија, странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа ниво од една милијарда 255 милиони евра, извозот во првите пет месеци од годинава е за 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани, а индустриското производство само во мај бележи раст од 9,4 проценти што ќе каже дека во првите два месеца од вторит квартал (април и мај) трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година, потсети Мицкоски.

Турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје постави камен-темелник за изградба на нова фабрика со која ќе се отворат до 200 работни места со што вкупната бројка на вработени во оваа компанија во земјава ќе изнесува 500 лица. Вкупната инвестиција за новата фабрика се проценува на околу шест милиони евра. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Батинци убиен припадник на АРМ: Донесен во болница без знаци на живот
Следна Статија ФОКУС: Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод, пред еден месец е пријавен физички напад од сопругот

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината

Верниците утре го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме

Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?