Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра
СВЕТ

Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра

Објавено March 18, 2026 19:48
Сподели
Сподели

Папата Лав XIV упати остра порака до медиумите и политичките актери, предупредувајќи дека војната не смее да се прикажува како видеоигра и дека новинарите не смеат да станат алатка на пропаганда.

Во обраќање до вработените во италијанската телевизија ТГ2, папата нагласи дека улогата на медиумите е да ја прикажат реалната слика за страдањата што ги носи секој конфликт.

„Новинарите треба да ги покажат страдањата што војната секогаш им ги носи на луѓето, да го покажат нејзиното лице и да ја раскажат преку очите на жртвите, за да не се претвори во видеоигра“, изјави папата.

Тој предупреди дека во време на војни, медиумите се изложени на ризик да станат дел од пропагандни механизми.

„Медиумите мора да се чуваат од опасноста да станат пропаганда. Задачата на новинарите да ги проверуваат информациите и да не бидат гласноговорници на оние на власт е клучна“, додаде тој.

Изјавата доаѓа во контекст на критики за начинот на кој се комуницираат воените операции, откако беа објавени содржини што комбинираат реални снимки од напади со елементи од филмови и видеоигри.

Слична реакција упати и кардиналот Блејз Купич од Чикаго, кој оцени дека ваквото прикажување на војната е „вознемирувачко“ и ја минимизира реалната човечка трагедија.

„Вистинска војна со вистинска смрт и страдање се третира како видеоигра – тоа е вознемирувачко“, посочи Купич.

Овие реакции доаѓаат во време кога воените конфликти предизвикуваат сè поголеми политички и општествени поделби, вклучително и во самите САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите
Следна Статија Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Моќен кинески авион леташе многу ниско: некои воодушевени од вештината на пилотот, други загрижени

На 20 март, корисник на социјалните мрежи „Икс“ објави две видеа на кои се гледа повеќенаменски борбен авион „Шенјанг Ј-16“…

March 26, 2025
СВЕТ

Кој е новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни

Либанското шиитско движење Хезболах го именуваше својот заменик-лидер Шеик Наим Касем за нов генерален секретар, наследувајќи го долгогодишниот лидер Сајед…

October 29, 2024
СВЕТ

Петмина загинати, меѓу кои и дете, во автобуска несреќа на автопат кај Нијагарините водопади (ВИДЕО)

Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а…

August 23, 2025
СВЕТ

Дејвид Коперфилд, Мајкл Џексон, Бил Клинтон, на листата на Епштајн?

Таканаречената „Епштајн листа“, која наводно ги содржи имињата на неговите клиенти, веќе стана позната на социјалните мрежи, а се очекува…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?