Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел
БАЛКАН

Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Објавено June 23, 2025 09:36
Сподели
Сподели

Шумски пожари го зафатија егејскиот остров Хиос, принудувајќи евакуација на шест населени места, пренесе „Катимерини“. Најтешко е погодена областа Агиос Макариос Вронтадос, каде жителите добија итна тревога преку системот 112 да се упатат кон плажата Вронтадос.

Властите наредија евакуација и на Парифес, Јалурика, Панагија Воитеја, Агиос Пантелејмонас и Кастроминас. Градоначалникот на Хиос, Јанис Малафис, информира дека пожарот има три одделни фронта, што ги отежнува напорите на пожарникарите.

– Ситуацијата е многу тешка. Ветровите се исклучително силни, а иако хеликоптерите се вклучени во гаснењето, работат под екстремни услови – изјави Малафис.

Пожар избувна и на островот Евија, во близина на Атина. Како мерка на претпазливост, еден хотел беше евакуиран. Грчките противпожарни сили остануваат во состојба на зголемена готовност поради силните ветрови и високите температури.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
Следна Статија Најмалку шест лица загинаа во нов руски напад врз Киев (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарскиот шеф на дипломатијата: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во интервју за БТВ, изјави дека на 4 февруари нема да има заедничко одбележување…

February 3, 2025
БАЛКАН

Зголемениот сет за прва помош за во возилата во Грција е одложен за догодина

Обврска за поседување на задолжителна опрема за автомобил во Грција отсекогаш постои, а последната измена донесена со одлука D30/45652/2026 од…

April 30, 2026
БАЛКАН

Трифонов ја навреди македонската претседателка затоа што знае Англиски јазик

Бугарскиот тв водител Слави Трифонов ја навреди македонската претседателка нарекувајќи ја северномакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова затоа што ги ги натерала…

June 14, 2026
БАЛКАН

Се огласи Хашкиот трибунал за барањето Ратко Младиќ да се лекува во Србија

Механизмот за кривични судови во Хаг ќе донесе судска одлука во случајот на Ратко Младиќ врз основа на специфичните околности…

April 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?