Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
МАКЕДОНИЈА

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

Објавено June 23, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.

Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, изјави Вајц.

Во Извештајот на Вајц се нагласува потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се посочува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Се повикува на брз напредок во преговорите за членство во ЕУ и спроведување на уставните измени. Во документот постојат неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Во пресрет на гласањето за извештајот во ЕП, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува Извештајот на Вајц да биде усвоен и да се прати силна порака за македонскиот идентитет и јазик. Вели дека изминатиов период имало силен притисок од бугарски европратеници за измена на овој извештај во кој се говори за посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

Деновиве добив вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел. Успеавме да го амортизираме ударот, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик. Сепак, огромното мнозинство таму застанува зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека откако ја добил информацијата за таквите настојувања на на бугарските европратеници во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик.

Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија Македонија, рече Мицкоски.

Седницата на Комитетот за надворешни работи, според дневната агенда објавена на веб страницата на ЕП, треба да почне во утре во 9 часот, а Извештајот на Томас Вајц за земјавата е прва точка за разгледување и гласање. Бугарски европратеници имаат поднесено амандмани, а дел од нив бараат и воопшто да не се презентира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот
Следна Статија Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Декември оваа година ќе биде малку потопол од просекот, врнежите просечни

Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

Собранието на вонредна седница денеска гласаше за предлог измените на Изборниот законик со кои независните листи за советници и кандидати…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?