Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

Објавено May 11, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во неделата изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.

Ова беше истакното во неговиот одговор на новинарско прашање за одбивањето на поканата за средба од страна на родителите, како и дека тие претходно го имале поканато на средба во Кочани.

„Не сум бил, како што слушам, викнат да одам на средба со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани а јас не сум отишол“, одговори Мицкоски

Додаде дека слушнал дека ја одбиле неговата покана да дојдат во Скопје во неговиот кабинет и не му е проблем да ја прифати поканата тој да отиде во Кочани. .

„Жалам што е таква одлуката. Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и како што правев досега се за да им помогнам онолку колку што можам да им помогнам. Но, исто така, морам да кажам дека тврдењето дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам – е лага. Такво нешто нема. Но, еве, без разлика ако е ова покана, кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме. Така што мене не ми претставува никаков проблем“, изјави Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарски прашања.

Мицкоски порача дека стои на располагање на семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека и оти овој случај не треба да добие политичка призма.

„Јас во Кочани некокупати бев и дента кога се случи тој хорор и сето тоа коешто понатаму следеше. Но, не сакам сега јас за тоа многу да зборувам, бидејќи за мене овој случај не треба да добие призма на естрада, за жал, некои политички глодари и некрофили се обидуваат тоа да го направата од опозицијата“, рече Мицкоски.

Додаде дека тоа е нивна работа и како што рече, доколку тие одлучиле со некрофилија и политичко глодарство да добијат политички поени се лажат и за неколку месеци од денеска тоа ќе го видат.

„А еве јас јавно кажувам ја прифаќам поканата, немам јас проблем да појдам и да седам и да разговарам и онолку колку што е потребно да разговарам и да помогнам со што и да е, со што можам да помогнам, само на тие луѓе колку-толку да успеам таа болка да им ја ублажам“, изјави Мицкоски.

Во писмено соопштение на 9 мај родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“,информираа дека поканата за средба во Владата на 13 мај 2025 година во 15.00 часот во Скопје не ја прифаќаат поради „нејзина задоцнетост“.

„Истовремено, ве известуваме дека премиерот беше поканет од сите родители на починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан“, беше наведено во соопштението лиферувано до некои медиуми од името на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Вчера во Кочани се одржа петтиот протестен марш на родителите и блиските на семејствата на загинатите и повредените, порачувајќи дека бараат правда, но дека таа мора да биде неселективна и праведна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски
Следна Статија Онесвестен маж со повреди на главата пронајден на улица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици

Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит - мајчин јазик…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рекордно ниска излезност: Само 327 бугарски државјани во Македонија гласале на вчерашните предвремени избори во Бугаријa

Рекордно ниска излезност на бугарски државјани во Македонија на вчерашните парламентарни избори кај источниот сосед. Иако според пописот во Македонија…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?