Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“
МАКЕДОНИЈА

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“

Објавено November 12, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие од околу 300 милиони евра.

Ѓорѓиевски рече дека и самиот тој имал средба со Финансиска полиција и дека покрај исплата на плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа има и други злоупотреби.

„Тука треба да има и командна одговорност, значи и оној кој го потпишувал тоа, како и директорот кој тоа го одобрувал, рече Ѓорѓиевски.

„Тоа се лица кои што со месеци, некои со години не оделе на работа а земале плата, има таму лица, еве во интерес на истрагата не можам во детали да зборувам, кои што дури се наоѓаат во куќен притвор или се затвореници. Замислете, а земале плата од Градот Скопје. Има под интелектуални услуги активирано камиони со астрономски суми исплата на физички лица кои што работеле наводно за „Комунална хигиена““, порача Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски рече дека истрагата може да води и до повисоки институции, како што е Град Скопје, и дека за тоа ќе остави Финансиската полиција да си ја заврши работата.

Вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот доколку има такви докази да поднесе кривична пријава во МВР или да ги донесе тие документи во Јавното обвинителство. Ѓорѓиевски рече дека тоа ќе го стори.

„Ќе го направам тоа. Јас немам намера никого да го штитам вклучувајќи се и себе си . Секој што направил одредени прекршувања, за тоа треба да одговара. И тука треба законот да биде јасен за сите, но и постапувањето треба да биде подеднакво за сите“, вели Орце Ѓорѓиевски.

Поранешната градоначалничка Арсовска вчера на обвинувањата на Ѓорѓиевски рече дека лаже и го повика да ги објави со име и презиме сите 500 вработени за кои тврди дека не оделе на работа. Ѓорѓиевски за ова рече дека немал проблем да ги објави, а за повикот на Данела да се соочат на тв дуел за овие проблеми, тој рече дека таа треба да комуницира со други институции а не со него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани
Следна Статија Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со една рака вози мотор, со другата лизга куфер среде Партизанска во Центар (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од твитер профилот „Патриотско друштво“ каде може да се забележи, како на средина на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на Детска клиника: Почина 14-месечно бебе

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Законот што треба да го замени „балансерот“ пред пратениците

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност денеска ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање, отворајќи една…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?