Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот, уверуваат од ПИОМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот, уверуваат од ПИОМ
МАКЕДОНИЈА

Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот, уверуваат од ПИОМ

Објавено November 28, 2025 19:25
Сподели
Сподели

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја известува јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари).

Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година. За наредната 2026 година Владата на Република Македонија во буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб. Фондот на ПИОМ ја информира јавноста дека од први октомври 2024 година до први октомври 2025 година, кога се исплатени септемвриските пензии за 2024 и за 2025 година, номинално се покачени за 6000 денари. Процентуално покачувањето, со исплатата на септемвриската пензија 2025 година, изнесува околу 29 проценти во однос на сумата исплатена за августовската пензија во 2024 година, се наведува во нивното соопштение.

Како илустрација, напоменуваат дека на први септември 2024 година за августовската пензија се исплатени 7.210.341.000 денари (седум милјарди 210 милиони 341 илајда денари), а со покачувањето од 2500 денари на први октомври 2024 година исплатата изнесувала 8.166.689.000 денари (осум милијарди 166 милиони и 689 илјади денари). На први октомври 2025 година со второто покачување од 2500 денари за мартовската пензија во 2025 година и линеарното усогласување од 1000 денари на септемвриската пензија во оваа година, исплатата достигнува 9.403,340,000 денари (девет милијарди 403 милиони 340 илјади денари).

Фондот на ПИОМ, исто така, информира дека вкупните средства за исплата на пензиите со усогласувањата, во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно за околу 500 милиони евра.

Сите овие покачувања и усогласувања на пензиите се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата врз истиот. Според официјалните податоци од државните институции инфлацијата во 2024 година изнесуваше 3,5 проценти на годишно ниво, а за оваа година се очекува да биде 3,9 проценти. Од изнесените податоци се гледа дека процентот на зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до септември 2025 година е многу поголем од инфлацијата со која се соочуваме. Фондот на ПИОМ истовремено потенцира дека во изминатите 30 години пензиите никогаш не биле зголемени за толкав процент во период од една година, што е само уште една потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите, велат од Фондот на ПИОМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обид за убиство во Струга, приведен 27-годишник
Следна Статија Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

Она што го затекнав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?