Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите

Објавено February 10, 2025 10:30
Сподели
Сподели

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, соопшти општина Центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ за најавените царини од Трамп: Нема да се двоумиме, ќе одговориме
Следна Статија Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за реформа во гимназиското образование. Целата нацрт-концепција е направена…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тотален колапс: Блокирана е сметката на ЈСП

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски. Пред почетокот на вонредната седница во Советот на…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?