Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Објавено January 11, 2026 17:07
Сподели
Сподели

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во близина на базна станица на операторот, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, при што било наведено дека со лицата не може да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, информацијата била проследена до Полициското одделение Ростуше и биле активирани специјализирани спасувачки екипи.

Во акцијата учествувале припадници на Одделот за специјални полициски операции, униформирана полиција при МВР, како и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, тимовите се упатиле кон тешко пристапната локација.

Денеска околу 08:30 часот, лицата биле пронајдени и безбедно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило „VW Amarok“ со скопски регистарски ознаки.

Тие биле лоцирани на местото познато како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на селото Лазарополе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од утре температури до -14 степени, доаѓа суво и студено време
Следна Статија Фицо побара разрешување на Каја Калас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?