Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо побара разрешување на Каја Калас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо побара разрешување на Каја Калас
СВЕТ

Фицо побара разрешување на Каја Калас

Објавено January 11, 2026 17:14
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.

– Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски – рече Фицо.

Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист начин на постапките на Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека ова е доказ за селективен пристап кон меѓународното право.

Тој ја повика ЕУ да престане да дејствува пасивно.

– ЕУ има доволна економска и популациска моќ за да биде глобален играч, а не само набљудувач. Или ЕУ ќе стане суперсила, или само ќе гледаме што прават другите – рече тој.

Според него, лидерите на ЕУ „знаат само дека ја мразат Русија“, но „тие не доаѓаат до свои решенија“.

Тој оцени дека некои земји сакаат да „ја ослабат Русија преку војна“, што не функционира.

– Додека сум премиер, никогаш нема да испратиме ниту еден војник во Украина – рече Фицо, додавајќи дека Словачка е подготвена да учествува во цивилни и хуманитарни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале
Следна Статија Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие

Специјалните сили на јужнокорејската полиција извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, што е најнов развој на политичката криза…

December 11, 2024
СВЕТ

(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на…

October 19, 2025
СВЕТ

Беше задолжен за кокаинот во бананите: Уапсен еден од лидерите на Балканскиот нарко картел

Еден од лидерите на Балканскиот нарко картел, литванскиот државјанин Вирџинијус Лабутис, за кого беше распишана црвена потерница, е уапсен на…

October 8, 2024
СВЕТ

Далај Лама наполни 90 години

 Тибетскиот будистички духовен водач Далај Лама денеска го прославува 90 роденден во будистичкиот храм во Дарамсала, северна Индија, каде живее…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?