Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи
Blog

Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи

Објавено January 11, 2026 17:16
Сподели
Сподели

Средба меѓу директорот на ЈПДП и новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan).

На средбата беше изразено заедничко задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, како и очекување дека новата амбасадорка ќе придонесе за понатамошно продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката во областа на економијата, инфраструктурата и инвестициите.

Во таа насока беше истакнато дека ЈПДП веќе има воспоставена успешна соработка со Народна Република Кина преку кинеската компанија „Синохидро“, која е изведувач на автопатот Кичево–Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата.

Директорот Трајановски во својата изјава нагласи дека соработката со кинеските институции и компании веќе дава конкретни резултати:

„ЈПДП веќе има една успешна соработка со Ексим Банката на Народна Република Кина, со чија финансиска поддршка преку кредит беа обезбедени средства за изградба на автопатот Миладиновци–Штип, како и за реализација на автопатот Кичево–Охрид, чија изградба на овие капитални инфраструктурни проекти е доверена на кинеска градежна компанија ‘Синохидро’, која работеше и на изградба и на Градско-Дреново, односно на делот од експресниот пат Фариш-Дреново, како и на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, односно Крупиште-Кочани. Сето ова претставува цврста основа за понатамошно унапредување и проширување на соработката меѓу двете земји“, изјави Трајановски.

Директорот Трајановски и амбасадорката Сјаојан констатираа дека соработката во инфраструктурата и инвестициите ќе продолжи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо побара разрешување на Каја Калас
Следна Статија Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Довидување, ‘Halo Infinite’ (2021-2025)

Без оглед на предизвиците и тешкиот почеток, 'Halo Infinite' порасна во нешто добро со текот на времето

November 20, 2025
Blog

Ричард Тенг, извршниот директор на Binance за индустријата на криптовалутите во 2025 година

Како што завршува 2024 година, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, споделува што можеме да очекуваме во криптоиндустријата во 2025…

December 20, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Ова е идеален ден за активација на вашата креативна енергија, драги Скорпији. Осетете како вашите…

January 28, 2025
Blog

Стриминг музика на касета: Дигитален звук среща аналоген носач

Истражување на уникатниот начин на пренос на дигитална музика на класичен аналоген носач на звук

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?