Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп
СВЕТ

Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп

Објавено January 12, 2026 08:35
Сподели
Сподели

Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друго лице, по изјавата на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која сугерираше дека својата награда за 2025 година би можела да му ја отстапи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението, Институтот наведува дека одлуката за доделување на Нобеловата награда е конечна и трајна, повикувајќи се на статутите на Нобеловата фондација кои не дозволуваат жалби или измени.

„Откако ќе биде објавена, Нобеловата награда не може да биде отповикана, поделена ниту пренесена на други. Одлуката е конечна и важи за сите времиња“, порачаа од Норвешкиот Нобелов комитет.

Мачадо претходно за „Фокс Њуз“ изјави дека отстапувањето на наградата на Трамп би претставувало чин на благодарност од венецуелскиот народ за соборувањето на Николас Мадуро, кој минатата недела беше уапсен од страна на САД. Трамп изјави дека би му било чест да ја прифати наградата доколку Мачадо му ја понуди за време на нивната средба во Вашингтон следната недела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи
Следна Статија Арктичкиот студ ни донесе температура од -25 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Избори во Романија: Според излезните анкети, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Според првите излезни анкети по завршувањето на првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, кандидатот на десничарската Алијанса за…

May 4, 2025
СВЕТ

Ирански ракети погодија згради во Тел Авив (ВИДЕО)

Иран го погоди Израел со најмалку два брана ракети по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на…

June 22, 2025
СВЕТ

Само овие жени имаат привилегија да се појават пред Папата во бело

Ватиканскиот протокол е многу строг и пропишува како треба да се облекуваат оние кои ќе се сретнат со папата. Затоа,…

April 22, 2025
СВЕТ

Орбан со скандалозни информации за Шведска: Mафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото. Вест на неделата е дека во Шведска 284 малолетни…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?