Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
МАКЕДОНИЈА

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

Објавено June 24, 2026 08:23
Сподели
Сподели

Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, кој го координира овој проект во соработка со Министерството за дигитална трансформација.

„Везилка“ е воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и кофинансирана од Европската Унија преку програмата „Хоризонт Европа“ (Horizon Europe).

Како што соопштија организаторите на настанот, преку стратешко партнерство со  фабриката за вештачка интелигенција „Pharos“ во Грција, „Везилка“ ја вклучува Северна Македонија во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.

-Во време кога вештачката интелигенција ги преобликува економиите, јавните услуги и општествата ширум светот, застапеноста на помалите јазици и локалните знаења стана стратешки приоритет. „Везилка“ одговара на овој предизвик преку развој на збирки податоци на македонски јазик, отворени ресурси и одговорни практики за вештачка интелигенција кои поддржуваат иновации и ги одразуваат националните вредности. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Исто така, има цел да ја зајакне соработката меѓу јавните институции, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница, се наведува во соопштението.

Како што е најавено, на официјалното претставување на „Везилка“ поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Биљана Ангелова, деканот на ФИНКИ, Петре Ламески, и раководителот на проектот, Димитар Трајанов.

По презентацијата на визијата, целите и очекуваното влијание од проектот „Везилка“ ќе следува  и панел-дискусија на тема „Вештачката интелигенција како мотор за економски развој“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа
Следна Статија Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако има вина ќе има и одговорност за смртта на 14-месечното бебе

Министерот Таравари вети дека ќе се дознае вистината за смртта на 14 месечното бебе кое почина на Детската Клиника. Таравари…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови

Денес во Минхен, претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата се…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на…

May 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?