Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Објавено January 13, 2026 09:55
Сподели
Сподели

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата си има свое празнување и почеток на Новата година, но тоа се случува на 1 / 14 септември.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново зголемување на цените на горивата
Следна Статија МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов за прегазената жена во Капиштец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Припадници на АРМ спасиле маж и жена: Со возило биле заглавени во канал

Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници…

May 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 8,89 отсто

Излезеноста на гласачите до 13 часот на повторените избори за градоначалник во четирите општини изнесува 8,89 проценти, објави Државната изборна…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кога хуманоста ќе те чини 150 евра – дарувањето крв на скопјанец му донело казна од ПОЦ и трошоци за извршител

Кенан Абди, скопјанец кој досега дарувал крв повеќе од 20 пати, сподели на социјалните мрежи искуство што го стави во…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори

Jа споделувам грижата на скопјани. Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?