Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик
МАКЕДОНИЈА

Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик

Објавено October 12, 2024 17:58
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик.

Во одговор на новинарско прашање, Тошковски вели зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

– Многу ми е жал што е случен таков настан и што е споделен со јавноста, бидејќи станува збор за малолетници. Искрено целокупната јавност е згрозена од ваков тип на настани. Министерството за внатрешни работи во делот на негова надлежност ќе постапи во иднина во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сѐ што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија, рече Тошковски.

Според Кривичниот законик, додаде, малолетниците немаат кривично-правна одговорност, така што, рече подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

– Мислам дека подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции, отколку Министерството за внатрешни работи, затоа што станува збор за малолетници, деца кои што немаат кривично-правна одговорност согласно Кривичниот законик, рече Тошковски.

Според соопштението на МВР, двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, завчера, со тврд предмет се обиделе да силуваат свој соученик. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

– Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него, стои во соопштението на МВР.

Според информации на Сител телевизија, детето веднаш ја информирала наставничката, но таа не превзела ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне, откако бил извршен лекарски преглед врз детето.

Одговорниот наставник на одделението беше суспендиран, додека против четири наставници ќе се поведе дисциплинска постапка. Директорот на училиштето даде оставка од морални причини, а на негово место е псотавен нов в.д. директор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика
Следна Статија „Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

Дали НАТО е мртов по ваквите пораки од најголемата светска и воена сила? За дел од експертите, околностите кои ќе…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

Иако веќе четири години се укинати мерките за заштита од ковид-19, угостителите во Скопје сè уште уживаат повластена цена од…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?