Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил
ЗДРАВЈЕ

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Објавено October 12, 2024 19:53
Сподели
Сподели

Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) наскоро ќе започне со спроведување на новиот проект под наслов „Стоп за лоши навики“, чија главна цел е подигнување на јавната свест за значењето на здравиот животен стил и бенефитите што произлегуваат од него. Овој проект, кој треба да биде имплементиран до крајот на 2024 година, има за цел да ги информира и едуцира македонските граѓани за важноста на донесувањето свесни и информирани одлуки кои можат значително да го подобрат квалитетот на нивниот живот.

Проектот се темели на фактот дека одржувањето на здравиот животен стил не е само индивидуален избор, туку и општествена одговорност. Со оглед на тоа што кардиоваскуларните заболувања во моментов се и ќе останат водечки причинители на морбидитет и морталитет во светот, потребата од акција е повеќе од очигледна. Проектот има за цел да ја мобилизира и едуцира јавноста, како и да обезбеди алатки и ресурси за да се направат вистинските чекори кон подобро здравје.

Како дел од амбициозниот проект, ЗЛС ќе изработи и објави прв водич за здрави животни навики во нашата земја. Овој водич ќе биде резултат на соработка помеѓу искусни лекари, специјализанти и специјалисти од различни медицински области, во тесна соработка со нутриционисти и фитнес тренери. Водичот ќе биде практичен и лесен за користење, со цел да им обезбеди на граѓаните информации и препораки за одржување на здрав начин на живот, како и насоки за справување со најчестите ризик-фактори кои водат до хронични заболувања.

Проектот „Стоп за лоши навики“ има за цел да го подигне нивото на свест за важноста на модифицирачките ризик-фактори, како што се хипертензијата, дијабетот, обезноста, нарушениот метаболизам на мастите, физичката неактивност, несоодветната исхрана и пушењето. Според бројни статистики, во развиените земји се забележува тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања, додека во земјите во развој, како што е Македонија, сè уште постои нагорен тренд. Оваа состојба бара итни мерки и акција, што е токму и целта на овој проект.

Во рамките на проектот, ЗЛС ќе организира и серија настани, вклучувајќи и панел дискусија под наслов „Стоп за лоши навики! Време е за промена – одлучи денес”. Оваа дискусија на едно место ќе собере еминентни лекари и професионалци од различни области, кои ќе ги разгледаат и разменат своите ставови и искуства за предизвиците и бенефитите од здравиот животен стил. Учесниците ќе имаат можност да добијат одговори на бројни дилеми поврзани со здравите животни навики, како и да научат за значењето на раната интервенција и превенција, особено кај лицата со зголемен ризик.

„Стоп за лоши навики“ претставува повик до сите граѓани на Македонија да преземат активна улога во подобрувањето на своето здравје и благосостојба. Овој проект не е само за поединците, туку за целата заедница – затоа што секој од нас може да направи разлика. Време е за промена, и таа промена започнува со одлуката што ќе ја донесете денес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик
Следна Статија Политико: Иран има „листа за отстрел“, вклучувајќи го и Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип,…

June 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Од пациент отстранет тумор од 35 килограми

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од…

October 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе…

October 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација

Успешно ја завршуваме 2025 година, земајќи ги предвид промените и целите кои сакавме да ги постигнеме и дека во 2026…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?