Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново зголемување на цените на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ново зголемување на цените на горивата
ЕКОНОМИЈА

Ново зголемување на цените на горивата

Објавено January 12, 2026 14:39
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има намалување за 0,317%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,391% и кај мазутот има намалување за 4,067%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7158%.

Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,133 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо
Следна Статија Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија е втората најслаба „карика“ во европската електрична мрежа, пред неа е само Албанија

Нова студија ги наведува слабите точки во европската електрична мрежа, бидејќи геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари

Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое…

October 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Скок на инфлацијата во САД, цените на нафтата дивеат. „Ова не се памети од 1967 година“

Инфлацијата  во Соединетите Американски Држави се забрза до највисоката стапка за речиси две години минатиот месец, поттикната од зголемувањето на…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?