Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо

Објавено January 12, 2026 14:34
Сподели
Сподели

Судскиот совет денеска ја отфрли како неоснована претставката од неправосилно осудениот Љупчо Палевски Палчо, со која тој се жали дека судијата на Кривичниот суд Ивица Стефановски предолго време ја изготвувал пресудата против него. Со претставката Палевски изразил незадоволство и од целокупното постапување на судијата Стефановски во предметот.

Палевски на 25 јуни 2025 година беше осуден на доживотен затвор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Истата казна ја добија и неговите соучесници и сопартијци од Десна, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Обвинетиот татко на Вања, Александар Ѓорчевски, пак, беше ослободен од обвинението дека помогнал во киднапирањето на неговата ќерка, затоа што против него Јавното обвинителство немаше докази.

Судијата Стефановски како одговор до Судскиот совет доставил писмено изјаснување во кое посочил дека станува збор за исклучително сложен предмет, со обемен доказен материјал, голем број сведоци и повеќе обвинети. Тој навел и дека во периодот на изготвување на пресудата имал здравствени проблеми поради кои бил отсутен од работа, како и дека постапувал и по други предмети.

По расправата, членовите на Судскиот совет едногласно ја отфрлија претставката. Пресудата била изготвена на 14 ноември и членовите на Совет ја отфрлија жалбата како неоснована бидејќи се работи за сложен предмет, а во периодот имаше и судска ферија, период кога судиите не постапуваат.

Пресудата на првостепениот суд веќе е пред Апелацискиот суд, по жалбите на адвокатите на обвинетите, на самиот Љупчо Палевски и на Јавното обвинителство, кое, пак, се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски. Се чека Апелација да ја закаже седницата на која ќе одлучува за пресудата.

Во жалбата до Апелација Палевски бара да биде ослободен од вина или предметот да се врати на повторно судење.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа грабнати и убиени со пиштол во ноември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка!
Следна Статија Ново зголемување на цените на горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јавноста ќе слушне како се издавале лиценци за одгледување канабис, очигледно е дека дел завршува на нелегалниот пазар

Имаме и разработуваме план и многу бргу денеска ќе се спроведе, а јавноста ќе биде сведок на многу работи, ќе…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?