Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов и СДСМ се скараа за промена на пол кај деца без согласност на родители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадинов и СДСМ се скараа за промена на пол кај деца без согласност на родители
МАКЕДОНИЈА

Костадинов и СДСМ се скараа за промена на пол кај деца без согласност на родители

Објавено May 28, 2026 20:47
Сподели
Сподели

СДСМ е фатен на дело, потврди дека имаше во план да дозволи промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или од старателите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ повторно е во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат, цитираме: Ова не е вистина, законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска платформа. Со ова, СДСМ само ја потврди целта дека имал на ум да го протурка овој закон, но со реакциите на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ беше стопиран“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа се во опозиција, додаде партијата, а после ова сметаме дека уште толку ќе се маргинализираат.

„ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш и денес не ги поддржува ваквите експерименти на СДСМ“, се додава во соопштението.

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, вчера на Фејсбук објави дека Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите, не е социјалдемократска идеја.

„​Јас искрено верувам во добрите намери на социјалдемократијата да заштитува маргинализирани групи, но некои работи се едноставно премногу. Во име на консолидацијата, убеден сум дека огромното мнозинство од моите партиски другари,со кои низ годините сум имал различни ставови по многу основи, овој пат ќе бидеме на иста страна. Ова не треба да помине! Ова го пишувам со најдобра намера за вистинските социјалдемократи за кои верувам дека оваа порака ќе допре до нив, за сите наши заеднички победи и порази, за нашето денес, но и за нашето подобро утре. ​Да ја подигнеме социјалдемократијата онака како што и личи како државотворна, прогресивна партија на граѓаните и за граѓаните“, објави Костадинов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем
Следна Статија Додик: БиХ е пропадната земја, Република Српска се бори да се ослободи од колонијалниот јарем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, истакна дека државата има институции и ги…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?