Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем
ЗДРАВЈЕ

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем

Објавено May 28, 2026 20:22
Сподели
Сподели

Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само најтешките пациенти да се упатуваат во Скопје.

Според Клековски, здравствениот систем располага со доволно објекти, кадар и стручни лица, но е потребна подобра организација и распределба на ресурсите.

„Нови пари нема да има. Без големи промени во фискалната политика, здравството ќе мора подобро да го искористи тоа што веќе го има“, изјави Клековски.

Тој денеска го презентираше извештајот за болничко лекување за 2025 година, при што посочи дека во 63 здравствени установи биле регистрирани околу 194 илјади болнички лекувања, а просечниот престој на пациентите бил помал од пет дена.

Клековски истакна дека има напредок во работата на дел од општите болници, особено во Битола и Штип, како и во болницата „8 Септември“, каде се изведувале посложени интервенции слични на оние на Клиничкиот центар.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика
Следна Статија Костадинов и СДСМ се скараа за промена на пол кај деца без согласност на родители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Зошто витаминот Д е клучен за здравјето на срцето?

Дневните потреби од овој витамин може да се задоволат и преку исхраната – еве каде е најзастапен. Витаминот Д е…

May 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?