Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави

Објавено September 4, 2025 14:48
Сподели
Сподели

На новинарско прашање во врска со состојбата со недостиг на анестезиолози на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство, Азир Алиу информираше дека денеска е одржан состанок со директорот на клиниката и дел од докторите, како и со директорот на кардиохирургија од Словенија, и е запознаен со случајот дека недостасуваат стручни лица не само на оваа клиника, туку и во голем дел од клиниките во Скопје каде недостасува технички медицински кадар или специјалисти, или друг тип на човечки ресурси.

– Веднаш иницирав да се склучи билатерален договор меѓу Македонија и Словенија со цел да имаме мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави. Здравството е сензитивен ресор заради времетраењето за креирање на профил за кој се потребни десет години. Затоа нашиот пристап од средно стручно образование до факултет и до специјализација ќе биде да ги проектираме тие капацитети за минимум десет години во здравството, истакна министерот Алиу.

Тој појасни дека со билатералниот договор ќе може доктори да работат привремено тука, три до шест месеци, а процедурата е се уште во рана фаза, и исто така наши доктори да работат во Словенија, што значи пренос на знаење и нови технологии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди тврди дека Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети
Следна Статија Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе…

March 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек

Во Велика Британија е покренато првото клиничко испитување во светот на вакцина којашто не треба да се чува во фрижидер.…

April 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

40 пациенти добиваат физикална терапија по пожарот во „Пулс“, имаат проблеми со движење на зглобовите, покажа евалуацијата

Специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените пожарот во „Пулс“ во Кочани. Прегледани биле повеќе од…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?