Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“
ПОЛИТИКА

Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

Објавено September 4, 2025 15:48
Сподели
Сподели

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“, проф. Горан Марковски, носејќи маска од диносаурус на прес-конференција одржана во близина на депонијата „Вардариште“ која сè уште гори.

Тој предложи стручно решение за депонијата – искористување на метанот кој се ослободува од ѓубрето за производство на електрична енергија.

„Во ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар“, објасни Марковски. Тој посочи дека постојат веќе применети методи на над 200 локации во Европа за собирање на метанот преку цевки, кој потоа може да се искористи за производство на струја. „Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност“, рече Марковски.

Јана Белчева-Андреевска, носителка на советничката листа на „Независни заедно“, дополни дека постојат многу стручни насоки кои досега биле игнорирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави
Следна Статија Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар

Транспарент „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“, поставен е во строгиот центар на Дебар, на просторот на шеталиштето,…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски и Георгиев во Минхен разговарале за билатералните разлики и блокадата од Бугарија

Билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија и положбата на македонското малцинство во Бугарија биле…

February 15, 2025
ПОЛИТИКА

Ангелов: Посегнувањето по темата за бранителите во овој момент, ќе биде во корист на криминогените структури во ДУИ

Во „Вести Плус на Канал 5 гостуваше Стојанче Ангелов, директор на ДЗС , а воедно и претеседател на политичката партија…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?