Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Објавено July 12, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се согласни само во едно – да не биде донесен новиот Изборен законик.

Според него, заеднички именител на трите опозициски партии е, како што рече, стравот од пораз на следните избори.

„Единственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик. Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на Изборниот законик, е стравот од поразот на следните избори“, изјави Манасиевски.

Тој оцени дека опозицијата создава конфузија во јавноста со различни образложенија за недонесувањето на Изборниот законик.

„Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на Изборниот законик и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори. Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат три изборни циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии не се заинтересирани за реформи, туку за, како што наведе, нанесување штета на државата.

„Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да ѝ наштетат на државата со ваквиот однос. За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во регионот во спроведувањето на реформите, а тоа што не се носи Изборниот законик е само вина на СДС, Левица и ДУИ“, изјави Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
Следна Статија (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Угостителите се моторот на градската економија – ќе имаат свој советник во Град Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со угостителите од општина Карпош, заедно со…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Без консензус нема промена на имиња на улици

Не може да има промена на имињата на улиците без консензус. Тоа зависи од одлука на Влада. Доколку има таква…

January 28, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад

СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во…

November 5, 2025
ПОЛИТИКА

Дали ДУИ и Левица ја официјализираат соработката во пресрет на вториот круг од локалните избори!

Фотографија од кафе средба меѓу кандидатката на Левица од Тетово и функционер на ДУИ повторно ја отвори дебатата – дали…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?