Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство

Објавено July 12, 2026 13:28
Сподели
Сподели

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека свесно ја жртвува иднината на државата.

Според неа, со своите последни ставови Мицкоски потврдил дека ѝ кажува збогум на Европа и избира Македонија со децении да чека заглавена во изолација додека регионот напредува. Кузеска истакна дека зад ваквата политика стои страв од европските стандарди и владеењето на правото.

„Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата“, изјави таа.

Портпаролката на опозициската партија посочи дека влезот во ЕУ би значел крај за партиските тендери, милионските зделки со блиски фирми и злоупотребата на буџетските пари, што според неа е главната причина за бегството од одговорност на актуелната власт. Таа потенцираше дека највисоката цена за ова заложништво ја плаќаат младите кои се принудени да се иселуваат. Кузеска потсети на изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека Мицкоски дошол на власт со лаги за името, Преспанскиот договор и националните интереси, кои биле само средство за моќ, додека денес се бараат изговори за да се избегнат реалните реформи.

Спротивно на политиките на Владата, Кузеска подвлече дека македонскиот народ јасно сака достоинствен живот во европска држава, каде ЕУ носи подобар стандард, економски развој, странски инвестиции и квалитетно образование за студентите да напредуваат дома. Таа предупреди дека Мицкоски ќе ја држи земјата во изолација сè додека може да се задолжува, но дека набрзо ќе бара алиби за да се врати на старата реторика.

„Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги. Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за ‘патриоти’ и ‘предавници’. Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи“, порача на крајот Богданка Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
Следна Статија Почина американскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека претходната влада системски поставила основи за заштита на жените од насилство, додека сегашната…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ 6 : 1 во Петровец, Борче Митевски петти мандат

Кандидатот за градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, прогласи победа во првиот круг. Митевски вечерва го освои својот петти мандат.…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?