Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
ЗДРАВЈЕ

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Објавено June 16, 2026 21:29
Сподели
Сподели

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење.

Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 отсто од сите кардиоваскуларни удари забележани во долгогодишното истражување објавено во 2025 година. Дури и кај жени помлади од 60 години, кои се сметаат за популација со најнизок ризик од кардиоваскуларни заболувања, повеќе од 95 отсто од случаите на срцев или мозочен удар биле поврзани со еден од овие фактори, објави „Сајенс алерт“(„Science Alert“). Најчест ризик фактор бил покачениот крвен притисок.

Во САД и Јужна Кореја, повеќе од 93 отсто од луѓето кои доживеале срцев удар, мозочен удар или срцева слабост претходно имале дијагностицирана хипертензија. Земајќи ги предвид таквите резултати, контролирањето на крвниот притисок може да биде значајно за спречување на сериозни кардиоваскуларни заболувања во иднина.

– Сметаме дека студијата многу убедливо покажува дека изложеноста на еден или повеќе неоптимални фактори на ризик пред појавата на овие кардиоваскуларни удари е речиси 100 отсто. Мора да биде вложен поголем напор во контролата на овие ризик фактори врз кои можеме да влијаеме, наместо вниманието да го насочуваме кон други знаци кои тешко се лекуваат и кои не се причински поврзани, изјави главниот автор на студијата и кардиолог Филип Гренланд од Универзитетот Нортвестерн, по објавувањето на резултатите.

Тој и неговите колеги наведуваат дека резултатите од истражувањето ги доведуваат во прашање неодамнешните тврдења дека срцевите и мозочните удари сè почесто се случуваат без присуство на традиционалните фактори на ризик. Според нив, можно е претходните истражувања да пропуштиле одредени дијагнози или да не ги забележале нивоата на ризик кои биле под клиничките граници.Новите резултати се надоврзуваат на претходни истражувања кои укажуваат дека можеби се потценува улогата на други причини за срцевите удари, особено кај помладите возрасни лица.

Во истражување објавено во септември 2025 година, научници од Клиниката Мајо анализирале 1.474 случаи на срцев удар кај лица помлади од 65 години, регистрирани во периодот од 2003 до 2018 година во Олмстед, Минесота. Со детален преглед на медицинската документација и резултатите од снимањата, истражувачите ја утврдиле главната причина за секој поединечен случај.

Во поголем дел од случаите срцевите удари се поврзуваат со затнување на артериите поради атеротромбоза, состојба во која крвните згрутчувања го блокираат протокот на крв до срцето. Сепак, значајно е сознанието дека кај повеќето жени, причината за инфаркт не била атеротромбоза.

Кај нив, 34 отсто од сите срцеви удари биле поврзани со таканаречени инфаркти предизвикани од несоодветен однос меѓу потребата и снабдувањето со кислород во срцевиот мускул. Тоа се случува кога различни состојби во организмот, како анемија или инфекција, ја нарушуваат рамнотежата.Додека пак кај мажите, атеротромбозата била причина за 75 отсто од случаите, што се смета за очекуван резултат, додека кај жените била присутна кај 47 отсто од случаите, односно кај помалку од половина.Меѓу другите значајни причини се издвојуваат спонтаната дисекција на коронарните артерии, при која доаѓа до пукање на ѕидот на артеријата и собирање крв, како и емболијата, односно појава на крвни згрутчувања кои пристигнуваат од други делови на телото.

Ова истражување помогна да се увидат причините за срцев удар кои долго време биле недоволно препознаени, особено кај жените. Погрешното разбирање на основната причина за срцевиот удар може да доведе до помалку ефикасно лекување, а во одредени случаи дури и да биде штетно. Разбирањето зошто дошло до срцев удар е подеднакво важно како и неговото лекување. Тоа може да биде разликата меѓу закрепнување и повторно појавување на болеста, наведе кардиологот Клер Рафаел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп вели дека Ормутскиот теснец ќе биде отворен без наплата
Следна Статија Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на…

May 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!

Индикаторите поврзани со детското здравје се показатели за степенот на здравствен и економски развој на едно општество, на една заедница.…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје.…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?